Ветувањето на Раиола кон Погба

од Vlatko K

Агентот на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба – Мино Раиола – му дал интересно ветување пред неколку години.

Извори на „Manchester Evenings“ тврдат дека во 2016 година, кога полудефанзивецот премина на „Театарот на соништата“, Раиола му рекол дека по три години ќе му обезбеди трансфер во Шпанија.

Апетити кон светскиот шампион со Франција пројавуваат Реал Мадрид и Барселона, а предметниот период, кој го дал Раиола истекува во 2019 година, пресметуваатмедиумите на Островот.

Во Англија, исто така, ги истакнуваат влошените односи помеѓу Погба и менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо и Пол Погба. Се тврди дека тие можат да дејствуваат како катализатор за можен подоцнежен трансфер на играчот од средниот ред.

25-годишниот Французин настапи на сите четири натпревари на Јунајтед во сезоната на Премиер Лигата. Тимот од „Олд Трафорд“ забележа две победи и два порази и со шест поени е на десеттото место.

Слични содржини