Вежбата “планк“ е доволно за идеална фигура

од Vladimir Zorba
571 прегледи

Сакате да имате витко тело? Се прашувате какви вежби треба да правите, но сепак не ви остануваат сили, бидејќи уште на првата вежба сте истоштени?

Можете да  ги стегнете мускулите на целото тело многу успешно и тоа само со една единствена вежба – т.н. “планк”.e25755eef3421cae33f978cf20a95db7
Како се спроведува вежбата “планк”?

Неопходно е да застанете во поза за склек. Поставете ги вашите колена под агол од 90 степени.

Затегнете го задниот дел од телото на штрек.

Единствено што треба да направите е да останете во оваа поза најмалку 5 минути. Вежбањето се смета за ефикасно, ако се прави повеќе од 5 минути.

Иако изгледа лесно на прв поглед, кога ќе се обидете да стоите во оваа поза подолго време, ќе се убедите дека е прилично оптоварувачки.f7d921a050d148ec4a7bc3b32a3e220a


Вежбањето “планк” ги затегнува стомачните мускули, мускулите на задникот, бутовите, листовите, рамената и градите – практично сите мускули, кои играат важна улога како за здравјето на организмот, така и за убавата фигура!

Важно е додека ја правите вежбата на вашето тело да не ја губите хоризонталната положба. Не ги опуштајте мускулите и не дозволувајте спуштање на стомакот надолу, како и извивање на карлицата нагоре.

Правете ја вежбата “Планк” секој ден по 5 минути и по неколку недели ќе забележите исклучителен ефект врз вашето тело!

Понапредните можат да пробаат и страничен “Планк”, кој дополнително ги затегнува мускулите во страничниот дел на стомакот и градите.

9d0328933eea4e71f150560c055903a2