Ви недостига ли Меган? Одговорот на Камила Паркер БОЛИ (ВИДЕО)

од Elena Daskalova
334 прегледи

Војвотката од Корнвол, Камила Паркер Боулс, присуствуваше на 40-годишнината од отворањето на Домот за палијативна нега и неизбежно беше прашањето околу актуелните случувања во кралското семејство.

Меган Маркл и принцот Хари предизвикаа цел скандал и бура во медиумите кога објавија дека се повлекуваат од кралските должности.

Меган е веќе некое време во Канада, а сопругот Хари денес и се придружи, но остатокот од кралското семејство и понатака не може да ги избегне прашањата за младиот брачен пар.

Дел од присутните ја прашаа дали ќе ѝ недостигат Меган и Хари при вакви пригоди. Камила се одлучи да одговори внимателно, па на себе си си даде кратка пауза, а потоа се насмевна и кажа: „Хмм… Нормално“.

Многумина ова го толкуваат како вистински дипломатски одговор, но ги има и оние кои нашле скриена порака, дека всушност, на Камила воопшто не ѝ е грижа каде се Меган и Хари, сè додека таа е таму каде треба да биде.

Слични содржини