Viber воведува претплата

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Aпликацијата за пораки Viber одлучи да воведе претплата.

Апликацијата Viber одлучи да воведе претплата наречена Viber Plus, а Црна Гора е првата земја во светот која добива премиум услуга за 1,99 долари месечно.

Претплатата вклучува користење на апликацијата без реклами, пристап до платени налепници, промена на иконата на апликацијата и техничка поддршка во живо.

Идните корисници на апликацијата Viber Plus ќе добијат и верификациона значка со нивната профилна слика, со која апликацијата потврдува дека се премиум претплатници.

Претплатата не е задолжителна, но оние кои ќе се одлучат за неа ќе имаат бенефиции што ги немаат корисниците кои не се претплатени.

Опцијата прво ќе се појави на телефоните на корисниците во Црна Гора, Чешка, Кувајт, Швајцарија и Австралија, а подоцна ќе биде достапна и низ целиот свет.

Слични содржини