(ВИДЕО) 1000 музичари со песна ги повикаа Фу Фајтерс на концерт

од Vladimir Zorba
108 прегледи

1000 музичари ги зедоа своите инструменти и микрофони и во еден глас и ритам го изведоа хитот на Фу Фајтерс “Learn to Fly“, во Цезена, Италија.

По завршувањето на песната, еден од организаторите се обрати кон камерата:

„ Ова видео веројатно ќе го погледне огромна бројка на луѓе, но да бидеме искрени, тоа се обраќа на само петмина: Крис, Пет, Нејт, Тејлор и Дејв Грол – Фу Фајтерс. Знаете, Италија е земја каде соништата не се остваруваат многу лесно, но е земја на страста и креативноста, па она што го сторивме и слушнавме е огромно чудо. Работев на овој е***н проект повеќе од една година, станувајќи секое утро и размислувајќи како да го остварам.И ова е сѐ што имаме, една илјада луѓе. Илјада рокери кои дојдоа од целата земја на свој трошок, и тоа само за една песна, ваша песна. Па, нашето барање е да ве замолиме вие, Фу Фајтерс, да дојдете и да свирите за нас. Да дојдете и направете концерт, тука за сите нас во Цезена“.

Дејв Грол неодамна ја скрши својата нога токму за време на концерт и дури продолжи со изведбата за да ги задоволи своите обожаватели. Колку брзо ќе стигнат Фу Фајтерси во Италија, ќе видиме веројатно набрзо.

А, во меѓувреме, ако не ве наежи видеото, а богами пуштите и некоја солза, тогаш и вие сте чудо.