(ВИДЕО 18+) Исламска држава пушти ново видео со брутални егзекуции извршени од млади деца

од Vladimir Zorba

Џихадисти од “Исламска држава” поставија на интернет ново видео на кое млади момчиња убиваат затвореници на терористите. На кадрите се гледаат две мали момчиња облечени во црно и со пиштоли на половината, кои ги натерале заробениците да коленичат на земјата, пренесува Дејли мејл.

На крајот на видеото тие на главите на жртвите ги насочуваат пиштолите. Според изданието, жестоките кадри се снимени во Авганистан.

Ова не е прв клип во кој децата се расправаат со “неверници”. Претходно оваа година повторно се појави видео во кое децат вршат брутални егзекуции на возрасни и се колнат во верност на “Исламска држава”.

Минатиот месец стана јасно дека лидерот на џихадисти во Авганистан е убиен во напад, извршен од авганистански и американски специјални сили.

Слични содржини