
Сириската армија, со поддршка на ВКС на Русија, е подготвена да влезе во тврдината на “Исламска држава”, во провинцијата Алепо. Високото команда на сириската армија ја одобри операцијата за почеток на офанзивата на главната тврдина на исламистите градот Ал Баб.
Главна пречка на патот продолжува да е стратегиски важниот мал град Тадеф, кој се наоѓа под контрола на терористите и кој е претворен во тврдина.
Сириската армија на чело со елитната единица Tiger Force е на прагот на уште една важна оперативна победа во текот на својата источно апеповска офанзива што има за цел изолирање и ослободување од ИД, стратешки важниот град Ал Баб.
Утрото на 11 февруари владините сили почнаа со бомбардирањето на гратчето Тадеф што стана прв нивен обид да си ги вратат овој важен населен премин, изгубен уште во 2013 година. Истовремено со тоа руските ВКС и воздухопловните сили на Сирија ја нападнаа линијата на снабдување и огнените точки на исламистите во овој регион.
По неколку часа на артилериска подготовка и бомбардирање на позициите на ИД околу Тадеф, сириските војници ја почнаа офанзивата, за да го ослободат ова гратче сместено јужно од главниот бастион на терористичката група во источниот дел на провинцијата Алепо.
“Рускаја Весна” соопшти дека во саботата вечерта сириските војници и ВКС на Русија во практика се ослободиле најмногу зајакнатото фортификациско место на ИД, кое е до Ал Баб.