[ВИДЕО] 6 батковци ја пречекуваат својата прва сестра

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Кога на пат е бебе број два, една од првите грижи на сите родители е како поголемото дете ќе го прифати новиот член на семејството. Љубомората е сосема природно чувство. Без разлика колку сте го подготвувале детето за појавата на бебето, предизвикот од средбата со новиот живот нема како да се избегне.549c1da6d966859b60c6a2116f5826c1

За да го спречите непријателството кон бебето од страна на поголемото дете, треба да се обидете да не го изолирате. Дефицитот на внимание е најчестата причина за љубомора. Направете го дел од процесот, побарајте да се почувствува значајно, објаснете му дека неговата помош и поддршка е од клучно значење.

Денес споделуваме едно трогателно видео во кое ќе видите како 6 батковци ја земаат во раце помалата сестричка. Оваа лента може многу да ви помогне ако очекувате бебе број два или три.