80 од околу 170-те заложници во хотел Radisson Blu во Бамако, Мали се ослободени, соопшти државната телевизија, цитирана од новинската агенција “Ројтерс”. Претходно денеска безбедносните сили почнаа напад врз хотелот, соопштија агенција “Франс прес” и телевизија “Франс 24”.
Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, цитиран од ББС, изјави дека амбасадата на Париз во Бамако собрала кризен тим и дека малиските сили “почнаа акција” во хотелот.
” I left the gym and went to the lobby. I opened the door and saw bullets on the ground”: Michael Skapoullis #Mali https://t.co/HFzyGAP1e0
— Victoria Derbyshire (@VictoriaLIVE) November 20, 2015
Пред офанзивата напаѓачите ослободиле 15 заложници, тврди телевизијата, а извор на агенцијата “Ројтерс” раскажува дека луѓето биле пуштени откако успеале да цитираат Сури од Куранот. Има информации и за тројца убиени.
Западните агенции и изданија цитираат очевидци, според кои групата пристигнала со автомобил со дипломатски таблички, по што отворила оган, повредени се двајца луѓе од приватното обезбедување. Од малиската армија тврдат дека станува збор за 10 напаѓачи кои упаднале во хотелот, извикувајќи “Аллаху акбар”.
(ГАЛЕРИЈА) Најмалку деветмина ликвидирани во крвавиот пекол во Мали
Од хотелот објавија дека напаѓачите се двајца, а земените заложници – 140 гости и 30 вработени.
Телевизија “Ал Џезира”ги идентификува напаѓачите како членови на радикалната исламистичка група “Ансар Дин”. Од 2012 година таа се бори за наметнување на шеријатот во Мали и се смета дека е поврзана со “Ал Каеда во исламскиот Магреб”.
Зградата е отцепена, а според изворот на Агенцијата “Франс прес” станува збор за “џихадисти кои се на седмиот кат и стрелаат”.
Според извор од Елисејската палата во хотел во Мали има и француски граѓани, соопштува “Ројтерс”.
Руската амбасада потврди пред РИА “Новости”, дека во овој хотел престојуваат граѓани на Русија и е можно некои од нив уште да се внатре.
Индиската влада потврди дека во хотелот имало и 20 Индијци. Кинеската телевизија CCTV пријави за 10 Кинези.
Во Анкара претставник на владата изјави дека во нападнатата зграда има тројца вработени на авиокомпанијата Turkish Airlines, а тројца други успеале да избегаат од хотелот.
Локален жител, кој бил во салата на хотелот за време на нападот, раскажува пред БиБиСи: “Ја отворив вратата полека и видов куршуми на земјата, па ја затворив и излегов од задната врата на салата. Надвор имаше полицајци и војници, тие ме придружува до дома “.
