ВИДЕО: Aхмети не сака да го нарекуваат политичар, тој бил ослободител

од desk2
66 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервјуто за емисијата „200“ на Алсат-М не се согласи со новинарот да му се обраќа како на политичар.

– Мене не ме ставајте во кошот политичари, јас не сум тоа, јас сум ослободител, се вратив во Македонија за да им донесам слобода на Албанците тука – рече Ахмети.

Ахмети смета дека албанската заедница треба да има само две политички партии а не десетина како на последните избори (парламентарните и локалните) оти така тие изгубиле на последните парламентарни избори дури 10 пратеници.

Не се согласува со тврдењата дека ДУИ е корумпирана партија туку дека тоа е црна пропаганда од конкурентите на неговата партија.

– Ако има некој докази за корупција нека повелат, нека поднесат пријави, има суд, тој ќе каже дали имало корупција или не – рече Ахмети.

Тој тврди дека рејтингот на ДУИ кој бил најнизок на парламентарните во 2016 до локалните лани пораснал за 9,3 проценти и дека партијата го враќа својот кредибилитет. Во интервјуто одбегна да ја потврди претходната негова изјава дека на конгресот на партијата планиран за јуни ќе се повлече од лидерската позиција но истакна дека партијата постојано се реформирала и во неа имало квалитетни кадри кои можат да ја водат.

https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/587295011606724/