Судбината на предвремените избори во Македонија ќе се утврди во текот на наредниот период, но лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ја отфрли можноста дека ќе се одржи во есен
„Годинава невоможно е да има избори, бидејќи за да има избори наесен, до 1 јули треба да имаме влада за организирање на изборите, а тоа е невозможно да се случи“, ова го изјавил Ахмети во интервјуто за тетовската ТВ Арт.
Ахмети смета дека до крајот на годинава е невозможно да се организираат и спроведат избори и дека лидерската четворка имала договор датумот за избори да го прецизира до декември.
„Договорено е со почетокот на декември да има согласност од страните кога ќе треба да се одржат изборите. Дали ќе се одржат во 2018 или 2017, тоа не можам да го прогнозирам. Годинава незвоможно е да има избори, бидејќи за да има избори наесен, до 1 јули треба да имаме влада за организирање на изборите, а тоа е невозможно да се случи“, вели Ахмети