(ВИДЕО) Акробат на Циркус де Солеј почина на сцената

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Еден од најискусните акробати на “Циркус де Солеј” Јан Арно почина за време на настап. 38-годишниот Јан падна за време на воздушна акробација во спектаклот VOLTA.

Тој веднаш бил однесен во болница, но починал неколку часа подоцна. Директорот на Circus de Soleil Даниел Ламар вели дека сите во тимот се шокирани.

“Јан е со нас повеќе од 15 години. Тој беше многу сакан од луѓето што го познаваа “, рече Ламар.