(ВИДЕО) Алепо во Руини: Како древниот град преживува под власта на терористите

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Пред војната таму живееле 120 000 луѓе, сега има само урнатини.

1479305901-frfr

Историскиот центар на древниот сириски град Алепо стана место на борбени активности, водени меѓу терористите од “Џебхат ан Нусра” и војниците од сириската армија. Терористите не ги штедат дури и храмовите и културните објекти. Огнените точки се сместуваат во џамиите, чија историја брои стотици години.

Дописникот на телевизија “Ѕвезда” ја посети областа на стариот град во Алепо.
“Некогаш овие музички инструменти ребаби биле основна стока тука на пазарот. Кога терористите дојдоа во Алепо, тие најавија дека музиката е забранета. Била грев. Запалија четирите тезги “, раскажува ајсторот на музички инструменти Махмуд.

Пред војната да започне во стариот град живееле 120 000 луѓе. Сега тука има само урнатини, зад кои се забарикадирани терористите. Сириската армија контролира само една четвртина од историскиот центар. Останатиот територија се наоѓа под контрола на “Џжебхат ан Нусра”.

Симбол на градот продолжува да биде старата тврдина – терористите не успеаја да ја преземат, и покрај големиот број на обиди.