Прашајте го Верушевски на кого се му дал клуч од станот и кои луѓе живееле таму“ – ова беше одговорот на директорот на државното станбено претпријатие Цветко Грозданов на прашањето на Алсат М за станот во сопственсост на државата на Рузвелтова 64 – адреса на која биле пријавени 30-тина гласачи од Пустец. Иако Верушевски од тој стан е иселен уште во 2003 година, а скандалот што го обелодени министерот Спасовски се однесува на изборите во 2013 и 2014, Грозданов упорно сугерира одговор да бараме од поранешниот директор на УБК, објави Алсат М.

„Клучот кој што го вратил кај нас можел да го имаат повеќе лица Така да не забележавме да има нарушување или влегување во овој стан, рече Цветко Грозданов – директор на А.Д. за стопанисување со станбен и деловен простор.
– Алсат М: „На вратата пишува семејство Крстевски“.
–
„Без разлика што пишувало семејство Крстевски, може да пишува било како, може и Верушевски, зошто Верушевски тогаш не го ставил неговото име и презиме. Прашање е зошто го оставил да седи тоа Крстевски. Јас еве не ни знам дека бил Крстевски, зошто еве ви кажувам значи не ги знам точно становите зошто е жива материја и се менува. Денеска може тој стан да е слободен, а утре можеби Комисијата ќе го додели на некој. Јас ќе бидам информиран дека тој стан е доделен во оној момент кога Комисијата ќе додели решение. Во моментот кога ќе биде доделено решение, јас сум должен само да склучам договор“.
Па тоа најдобро да го прашате господинот Верушевски зошто тој последен живеел таму“.
Градоначалникот на Центар Жерновски е убеден дека победата на локалните избори во 2013 година ја имал уште во првиот круг, но да не биле фантомските гласачи чии гласови биле купени за 50 евра и сендвич.
„Веќе излезе податокот колку гласачи беа од Пустец. Наскоро ќе излезе податокот од МВР за тоа колку гласачи се уфрлени во Избирачкиот список во Центар кои што се граѓани на Република Македонија односно од други општини, Гази Баба итн. Кога ќе го собереме тој резултат колку луѓе гласале, фантомски гласачи во општина Центра, ќе видиме дека во Центар победата не само што била во прв круг, туку била убедлива. Она што е најпоразително за мене, ние со истиот Избирачки список отидовме и на вонредни парламентарни избори“, рече Андреј Жерновски – градоначалник на Центар.
Жерновски се надева дека на следните избори Избирачкиот список ќе биде прочистен од сите натрапници и оние со по неколку лични карти и тие со нелегални документи. Спасовски најави кривични пријави за сите за кои ќе се утврди дека биле дел од процесот на незаконско издавање и злоупотреби на личните документи.. Aлсат М
https://www.youtube.com/watch?v=pB2dMq8k_9w