Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД одлучиле да ја повлечат поддржката за Спогодбата за глобалната трговија со оружје.

Оваа спогодба ја регулира меѓународната трговија со конвенционално оружје, меѓу кои малокалибарско оружје, тенкови, борбени авиони и бродови, пренесе АП.
Трам изјави дека Америка ја отфрла оваа спогодба и дека го повлекува својот потпис од неа.
Американскиот лидер ова го соопшти во Индијанаполис, во говор на собирот на Националното здружение за оружје, кое тврди дека оваа спогодба претставува закана за Вториот амандман на Уставот.
САД ја потпиша спогодбата во 2013 година, но никогаш не ја ратификува.