ТВ каналот Destination America ќе прикаже директно во етерот егзорцизам, односно истерување демони.
Директниот пренос ќе биде остварен на 30 октомври, во пресрет на Ноќта на вештерките.ТВ екипата ќе пренесува од дом во предградие на Сент Луис, Мисури, каде во 1949 година свештеникот Рејмонд Бишоп ги прогонува демоните кои опседнале мало момче.
Приказната го инспирира писателот Вилијам Питер за култниот хорор роман “Егзорцистот” (1971) по кој потоа Вилијам Фридкин го создава истоимениот филм (1973). Во “Егзорцистот” опседнатото момче е заменето од девојка, во улогата на Линда Блер.
Сега сепак демоните ќе бидат протерани не од човек, туку од дом крај Сент Луис, а тимот од егзорцисти ќе го предводи видовитата Чип Кофи. Од Destination America, сопственост на Discovery Communications, планираат дирекниот пренос да продолжи цело деноноќие.
Снимки од автентичен егзорцизам можете да видите во видеото.