(ВИДЕО) Аналитичари: Oтсуство на дебата е отсуство на политичка култура

од Vladimir Zorba
84 прегледи
Граѓаните заборавија што е политичка дебата, велат политиколозите за 24Вести.
Дебатата како демократска алатка ја нема повеќе ниту во институциите и парламентот што зборува за политичката култура на оние што ги претставуваат граѓаните, велат тие. За експертите бегството од дебатните емисии очигледно е бегство од соочување и немање вистински аргументи, а партиите кои одбиваат соочување, велат, преку спинови, медиумска поддршка и пропаганда го добиваат она што им треба – гласот на граѓаните.
„Тоа е одраз на нашата ниска политичка култура и начинот на кој спин докторите особено кај владејачките партии Добро оцениледека без дебати че поминат нивните партии и лидери че поминат подобро отколку во дебати“ – Тодор Пендаровски
Подготвоноста или стравот од дискусија зборува за демократските капацитети на партиите, сметаат аналитичарите споре кои партиските ветувања би паднале во вода доколку ги вкрстат копјата со противниците.
„Бегањето од дебати со опозицијата го покажува нивното на демократскиот капациет, којшто овие партии го имаат. Во демократските земји политичките партии и нивните лидери не се соочуваат директно на избори, туку се соочуваат на јавната сцена во медиумите, на разни трибини“ – вели Сефер Тахири од Институтот за комуникациски студии.
Целиот текст можете да го прочитате тука