Сакам да им порачам на сите граѓани без оглед на верската, етничка или партиска припадност, ние немаме избор , не е важно дали сакаме, ние мораме да живееме заедно, морам да се бориме заедно, Македонци и Албанци заедно против криминалците – порача денеска поранешниот генерал и лидер на „Достоинство“, Стојанче Ангелов од пред споменикот на бранителите во паркот „Жена борец“-информира А1он.

Тој ги демантираше тврдењата на провладините медиуми дека со своите активности има намера да предизвика дестабилизација во Македонија и разгорување на меѓуетнички кофликти.

Ангелов вели дека на Македонија не и се заканува такво сценарио и предлага да се отвори широкоа дебата за меѓуетничките односи со цел да се започне изградба на граѓанско општество со рамноправни граѓани.

Повеќе ТУКА

Слични содржини