
Чест ми е да соработувам со премиерот и министерот кои ни оставија целосно одврзани раце за одбрана на татковината, рече лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов на прес конференцијата се најави коалицијата „ВМРО за Македонија“, пренесе А1он.
– Длабоко во себе и покрај сите контроверзии, верувам дека заедно со нив, со мојот премиер и мојот министер од 2001 година ќе го срушиме режимот на Никола Груевски, на истиот Никола Груевски кој што се дрзна да ги тужи воените инвалиди и семејствата на загинатите бранители. Истиот кој ги амнестираше злосторниците опфатени со хашките случаеви, истиот Никола Груевски кој што го постави командантот од УЧК, Талат Џафери за министер за одбрана, оној кој овозможи целосно пљачкање на државата, оној кој со неговата погрешна политика избрка луѓе надвор од Македонија. Режимот мора да падне, рече Ангелов./извор А1он