Низ социјалните мрежи се рашири видео на кое, според тврдењата на новинари и украински функционери, се гледа поплавениот град Олешки на левиот брег на реката Дњепар.
Олешки се наоѓа во делот на Херсонската област што е под руска окупација и, очигледно, е целосно поплавен откако во ноќта од понеделник кон вторник беше уништена важната брана Нова Каховка.
Украинските научници чекаат водата да се повлече пред целосно да го проценат влијанието врз животната средина од уништувањето на браната Каховка.
Еден поранешен министер предупреди дека тоа може да ја предизвика најлошата еколошка катастрофа од нуклеарната катастрофа во Чернобил.
Да потсетиме, Киев ја обвини Москва за уривање на големата брана Нова Каховка на реката Дњепар, во зоната под руска окупација на југот на Украина.
Поради поплавата наредена е евакуација на десетици илјади луѓе.