Италијанската глумица Асиа Арџенто е една од првите жени кои го обвинија Харви Вајнштајн за сексуално насилство. Таа минатата година во Њујорк рече дека на Канскиот филмски фестивал во 1997 година ја присилил на орален секс. Тогаш таа имала 21 година.

“Харви Вајнштајн ме силуваше токму овде, во Кан во 1997 година. Овој фестивал беше неговото место за лов. И ќе Ви кажам нешто. Харви Вајнштајн веќе никогаш нема да биде добредојден овде. Повеќе никогаш нема да ја посрамоти заедницата која некогаш го прифаќаше и го покриваше за сите негови злодела. Дури и вечер се присутни оние кои се одговорни за неговото однесување. Вие не припаѓате во оваа индустрија. Знаете кои сте. А, што е уште поважно, ние знаеме кои сте. Нема повеќе да Ви дозволиме да се извлекувате со тоа”, вели Азија, после чиј говор следуваше громогласен аплауз.