ВИДЕО: Авион на „Хала ерлајнс“ излета од пистата и удри во ограда

од Stefanija Kuzmanovska

Авион на „Хала ерлајнс“ на летот од градот Гарово до Могадишу доживеа несреќа. Имено, авионот излетал од пистата при слетување и удрил во метална ограда.

На Твитер е објавено видео од несреќата во која авионот е значително оштетен.

Aviation Source News известува дека во авионот имало 30 лица, од кои неколку се повредени. Не се знае со какви повреди се здобиле.

Засега не е познато што ја предизвикало несреќата.

Слични содржини