Транспортен авион поврзан со „Вагнер“ се урна во Африка еден месец откако шефот на платеничката група Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во близина на Москва.
Авион Ил-76 од советски дизајн се урна во Мали, каде што се стационирани војниците на „Вагнер“.
Несреќата се случила во близина на аеродромот во Гао, град на првата линија на фронтот на долготрајниот вооружен конфликт во земјата.
Снимките кои кружат на интернет го покажуваат урнатиот авион и густ црн чад, за кој се верува дека се урнал по полетувањето.
Не е познато колку луѓе имало во авионот, како и дали има повредени или загинати, пишува Daily Mail.
Антивладини извори во Мали тврдат дека Ил-76 можеби е поврзан со „Вагнер“, додека друга верзија е дека авионот го користеле мировници на ОН.