Клупскиот автобус на Реал Мадрид доживеал сообраќајна несреќа на автопат низ Англија по поразот од Ливерпул, јавуваат англиските медкуми.
Инцидентот се случил на автопатот М40, а на социјалните мрежи веќе се шират снимки. Според информациите, во автобусот немало играчи или членови на стручниот штаб, туку била пренесувана само спортската опрема на фудбалерите.
Real Madrid coach crash pic.twitter.com/OJlKGtmfRA
— fretbuzz 68 (@68Fretbuzz) November 28, 2024
Тимовите обично летаат дома веднаш по европски натпревар. Луксузниот автобус на Реал Мадрид со нов изглед беше претставен во октомври 2024 година.
Ова не е прв пат автобусот на „Лос Бланкос“ да биде вмешан во сообраќајна несреќа, а сличен инцидент се случи во февруари. Тимот на Карло Анчелоти тогаш отпатува на дуел од Лигата на шампионите со РБ Лајпциг и слета во Ерфурт, наместо во Лајпциг, поради штрајк на тој аеродром. Тоа значеше дека тие мораа да го завршат своето патување со автобус, а германскиот весник „Билд“ тогаш објави дека учествувале во судир со возило марка „Тојота“.