Бебе родено во тоалет на воз во Индија, преживеало, иако се е лизнало во клозетната чинија и паднало на железничката линија, соопшти АФП.
Бремената 22-годишна жена, чие име не се споменува, патувала со воз во северозападната држава Раџастан заедно со своето семејство, кога добила породилни болки. Жената отишла во тоалетот и родила момче, по што се онесвестила. Возот не бил во движење, кога новороденчето се лиззнало во клозетната чинија и паднало на железничката линија, но веќе биле изминати 13 километри пред роднините на мајката да ја пронајдат сè уште во несвест на подот во тоалетот и да повикаат помош. Бебето останало на шините, додека неколку часови подоцна плачот бил чуен од телохранител во близок склад.
Новороденчето е спасено и однесено во локална болница, каде што веќе се наоѓала неговата мајка.