(видео) Бегај: Приштина би требало повеќе да ги слуша советите на САД и ЕУ

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека Вашингтон бил потполно јасен дека не смее да има еднострани потези и дека таквите потези ќе имаат последици.

од Бети Божиноска
277 прегледи

Приштина треба повеќе да ги слуша САД и Европската Унија и треба однапред да се консултира со своите стратешки партнери за секоја важна одлука што треба да ја донесе, изјави вчера албанскиот претседател Бајрам Бегај во интервју за албанскиот портал RTSH.

„Албанија е мала, но нејзиниот придонес во надворешната политика е голем, особено во регионот, каде што е фактор кој придонесува за мир, стабилност и за одржлив развој. Очигледно Косово е дел од нас, ние сме еден народ, две држави. Тоа е најголемиот интерес на Албанија, уставна обврска ни е да се интересираме за Косово. Имаме голема среќа што го имаме КФОР на Косово кој гарантира безбедност, но секоја одлука што треба да ја донесе Косово би било добро да ја донесе со совет и согласност на САД и на ЕУ,“ истакна Бегај.

Високи американски претставници во последните неколку недели ги критикуваа приштинските институции поради игнорирањето на американското барање да се одложи одлуката за спроведување на уредбата на Централната косовска банка за динарот и истакнуваа дека таа одлука же има последици.

Помошникот-американскиот државен секретар, Дејмс О’Брајан, неодамна изјави дека САД се загрижени поради уредбата за забрана на употребата на динарот на Косово и истакна дела властите во Приштина треба да ја повлечат таа одлука, истакнувајќи дека со забраната на динарот, Приштина го довела во прашање партнерството со САД зашто одлуката е донесена и покрај противењето на Вашингтон.

„Ако не не третираат како партнер, се поставува прашањето дли оваа влада можеме да ја сметаме за партнер на САД,“ посочи тогаш О’Брајан.

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека Вашингтон бил потполно јасен дека не смее да има еднострани потези и дека таквите потези ќе имаат последици. Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховенијер, пак, истакна дека неговата влада не можела појасно да покаже дека не е задоволна со квалитетот на партнерството со кабинетот на Албин Курти.

Слични содржини