Амбасадорот на САД Џес Бејли на денешната конференција посветена на 14 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, истакна дека за да се надминат предизвиците на ваквите општества, политичките лидери треба да се посветат на ставање на интересите на државата над нивните партиски политики и јавната администрација-пренесе А1он

bejli1

“Денес, Македонија поминува низ уште една криза што е предизвикана од слабоста на демократските институции и наводите за злоупотреба на власта. Политичките партии поддржани од ЕУ, на 2 јуни, донесоа договор за ослободување и овозможување на поголема независност и баланс во медиумите, за проверка на правилното функционирање на администрацијата. И повторно како и во 2001- та година, со кризата доаѓаат и можностите. Во 2001 година избегнавте потенцијално ужасна граѓанска војна, конфликт кој можеше да ги разурне и соседните држави. Истото лидерство и напор и политичка храброст се потребни и денес. Спроведувањето на овие неодамнешни договори е она што ќе ја турка Македонија напред кон посветла иднина, како просперитетна, отпорна, мултиетничка демократија на пат кон целосна интеграција во НАТО и ЕУ” рече амбасадорот Бејли.

Видео : А1он

Слични содржини