Има напредок во преговорите, но разговараме за многу сензитивни теми, па одлучивме да оставаме партиите да размислат преку викендот, рече амбасадорот на САД, Џес Бејли по разговорите со претставници на партиите во резиденцијата на ЕУ во Пржино, информира а1он.
Ќе ги продолжиме преговорите од понеделник, оптимист сум дека ако има политичка волја ќе има и договор со цел Македонија да оди напред, рече Бејли.
Во средата партиите се договорија за прашањата поврзани со избирачкиот список, преодната влада и медиумите, а единствено не постигнаа договор за ингеренциите кои треба да ги има министерот за внатрешни работи.
Претставниците на четирите политички партии не дадоа никаква изјава за медиумите, а Бејли пак, не одговори на новинарските прашања за што поточно се разговарало на денешната средба./извор а1он