(ВИДЕО) БЕСА основа департмани кои ќе ја следат антидржавната и анти-албанска влада

од desk3
76 прегледи

 

Почитувани претставници на медиумите, денеска сум пред вас за да ги презентирам директорите на департманиве на Движењето БЕСА, кои континуирано ќе ја следат оваа антидржавна и анти-албанска влада, кои ќе ги понудат најсоодветните решенија за сите прашања кои ги засегаат Албанците во ова држава, но и другите граѓани, нудејќи правни социјални, културни, образовни, економски и други политики.

-Касами-ги-презентираше-директорите-на-департаментите-Движењето-БЕСА

Сметаме дека во ова ситуација само докажани професионалци, како што ги имаме избрано директорите на департманиве и нивните членови, можат да ja вршат нивната работа со достоинство. Затоа, во рамките на овие департмани исто така ќе работат и стручни тимови кои ќе вршат истражувања и анализи, кои потоа ќе бидат канализирани со конкретни решенија и ќе бидат вклучени во платформата “РЕДЕФИНИРАЊЕ” на БЕСА

Следниве ќе бидат директорите на департманите на Движењето БЕСА:

Африм Мурсели – Департамент за внатрешни работи, дипломиран од факултетот за одбрана и безбедност
Али Максути – Департамент за економија, доктор на економски науки
Блерим Сејдиу – Департамент за правда, адвокат со искуство во правни прашања
Фатон Саити – Департамент за труд и социјална политика, стручен по работа и социјална политика
Реџеп Мемеди – Департамент за здравство, специјалист по педијатрија во Универзитетска клиника за детски болести – Скопје
Хатије Етеми – Департамент за животна средина и просторно планирање, професорка и активист на граѓанскиот сектор
Месуд Рушити – Департамент за земјоделство, шумарство и водостопанство, експерт за земјоделски прашања
Мелинда Рашиди – Департамент за култура и верски прашања, наставничка по струка
Али Исмаили – Департамент за информатичко општество и администрација,
Исак Туша – Департамент за одбрана, поранешен високо воено лице на ОВК
Бесар Бериша – Департамент за локална самоуправа, магистар по економски науки
Кастриот Реџепи – Департамент за надворешни работи, дипломиран за бизнис администрација со многу искуство во дипломатски односи како асистент на многу дипломати во земјата
Лулзим Алиу – Департамент за образование, наука, млади и спорт, доктор на филолошки науки и универзитетски професор
Селатин Јусуфи – Департамент за транспорт и врски,
Африм Алили – Департамент за финансии, доктор на економски науки и универзитетски професор