Две лица се примени во болница по пожарот што избувна во бродоградилиште во Камбрија, каде што се произведуваат британски подморници на нуклеарен погон, но нема нуклеарен ризик, соопшти денеска англиската полиција.
Полицијата во Камбрија соопшти дека кратко по полноќ во бродоградилиштето BAE Systems во Бароу-ин-Фернес, северозападна Англија, избувнал голем пожар, пренесуваат американските медиуми.
На социјалните мрежи во текот на ноќта беа прикажувани снимки што покажуваа пламен во зградата на бродоградилиштето и како се слушаат звуци на алармот за помош.
Breaking : A major fire has broken out in the shipyard where the latest nuclear submarines are being built
Police in the county of Cumbria reported the fire at the BAE Systems site in Barrow-in-Furness pic.twitter.com/xtW7WKVoBl#Barrow #BAE
— Jerry Hicks (@JerryHicksUnite) October 30, 2024
Полицијата соопшти дека две лица се пренесени во болница заради вдишување чад, но дека нема потешко повредени.
На жителите од Камбрија им е препорачано да останат внатре и да ги затворат прозорците и вратите.
Ова бродоградилиште старо 150 години, што се наоѓа на околу 350 километри северозападно од Лондон, моментално гради неколку подморници на нуклеарен погон за Кралската морнарица.
Во него, исто така, беа конструирани и четирите подморници на Обединетото Кралство што носат нуклеарни проектили.