Милка започна нова кампања во која таа ги продава чоколадите со една коцка помалку.
Со помош на Buzzman Paris, тимот креирал кампања која ја става дарежливоста на Европа на тест. Тие извадиле една коцка од преку 13 милиони Милка чоколади и им дале шанса на луѓето да си го побараат парчето назад или да го испратат на некој друг по желба.
Кога ќе го отворите пакувањето, ќе забележите дека недостасува една коцка од чоколадото и на нејзино место е испишан код. Кодот го внесувате онлајн за или да си го добиете назад парчето или пак да го испратите некому со лична порака. Кампањата оди под мотото: „Осмели се да бидеш внимателен.“
Па, би купиле ли и вие чоколадо со една коцка помалку?