(ВИДЕО) Биљали: Потребни се масовни и трајни протести се до падот на оваа влада

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Ние имаме хаварија во општеството, по сите сегменти како економијата, здравството и безбедносните прашања, ние не стагнираме, туку се враќаме назад во почетните позиции, рече професорот Мерсел Биљали, на денешната дебата во Гем клуб, во која неколку интелектуалци ја толкуваа политичката криза во земјава и можните излези.

biljali

„Полека се создаваат услови за посериозна критична маса и за колективно спротивставување. Нешто ново се раѓа во Република Македонија земајќи ги во предвид студентите и средношколците. Општеството треба да се организира во масивни протести и да покажеме зрелост, да им дадеме лекција на идните власти. Масовните протести мора да бидат трајни и да се организираат се додека власта не падне„ смета Биљали./извор А1Он