(ВИДЕО) Битолските советници повторно ќе бараат оставка од градоначалникот Талески

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Опозициските советници од Битола повторно ќе бараат оставка од Владимир Талески и назначување на негов заменик на следната седница, информира 24Вести.

139429

Револтирани се што курирска служба му ги носела документите на потпис дома и спопред нив со домашниот притвор не му е ускратена можноста да ја врши функцијата и покрај финансискиот криминал за кој е осомничен.
Според советникот од СДСМ, Благојче Котески неговите сопартијци прво ја чекаат одлуката од судот-дали ќе му биде продолжен притворот, а потоа да донесат одлука за негов наследник.

Која е логиката да смее да потпишува од дома, а да има притвор, вели Благојче Котески- советник во О. Битола.

Притворот на Талески оставил последици врз функционирањето на општина Битола, дел од советниците се жалат дека не добиле месечен паушал кој се исплаќа за ангажирање во Советот и воопшто немаат увид во градската каса.

Имаме ситуација која 1 пат се случува. Дел од советниците немаат добиено паушал, вели тој.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини