(ВИДЕО) Богов дообјаснува: Досега нема наоди за незаконити дејствија поврзани со „Panama papers“

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Ниту една  меѓународна или домашна  институција досега не побарала од НБРМ соработка или некој тип на логистика во врска со евентуална вмешаност на македонски грагани во случајот со Панамските документи, посочува гувернерот Богов, а го цитира Телма.

bogov_4

Помош не е побарана ниту за аферата поврзана со сметките отворени во швајцарските банки.Иако за овие афери, некои земји во светот отворија истраги а државни функционери поднесоа оставки, НБРМ уверува дека во овој момент нема причина за поголема контрола.

Работата на банките се контролира редовно и нема причина за вонредни супервизорски активности во банките од каде што се трансферираат парите на странските сметки.Во надлежност на НБРМ не е да утврдиме дали некоја трансакција е легална или не,туку го конторлираме системот на банките за борба против перењето пари. Досега нема наоди за незаконити дејствија.Ако се појават индиции, дека има македонски државјанин кои нелегално изнесувале пари, ќе обрнеме внимание.                        

Банките имаат законска обврска ,сомнителните трансакции да ги пријавуваат во Управата за финансиско разузнавање.Во редовната контрола што Н Б РМ ја спроведува еднаш годишно,се контролира репрезентативен примерок на трансакции и се проверува дали системот ги детектира сомнителните трансакции и дали го открива крајниот,вистинскиот сопственик на сметката.

Повеќе на оваа тема можете да видите тука