Првиот социјал-демократ на Штип Владимир Милошев, на прес-конференцијата во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, обелодени нови снимки, кои досега вооопшто не се емитувани.
Граѓаните на Штип се вклучуваат во враќањето на слободата, демократијата и прравдата. Денеска ќе објавиме нови докази за упадот во автономиијата на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и ќе чуеме за негова злоупотреба. Ќе чуеме како бизнисмените во Штип кои не сакаат да соработуваат со власта се притискани од власта. Ќе се чуе и какво е мислењето за градоначалниците – и поранешниот, за кого велат и дека изгледа има проблеми со главата, како и за актуелниот. Ќе чуете како за вработување на универзитетот „Гоце Делчев“ е доволно само некој да се повика на Антонио Милошоски.