Големиот прилив на мигранти преку Балканот на патот кон Западна Европа продолжува со несмалено темпо во часовите по постигнатиот договор на состанокот во Брисел за одложување на протокот на луѓе од Блискиот и Средниот Исток, како и од Африка, забележува “Асошиејтед прес”.
Европските и балканските водачи се согласија денеска за мерки за одвраќање на протокот на десетици илјади луѓе, чие бегање од војна и сиромаштијата им отежни на властите и ги зголеми тензиите меѓу земјите по маршрутата на мигрантите.
Хрватската полиција соопшти дека повеќе од 13 000 мигранти пристигнале од Србија во последните 24 часа. Околу 260 000 поминале низ Хрватска од средината на септември, кога Унгарија издигна ограда долж границата со Србија за пренасочување на протокот.
Од своја страна од словенечката полиција објави дека речиси 10 000 мигранти влегле од Хрватска во последното деноноќие, со што вкупниот број на пристигнатите во изминатите 12 дена се речиси 75 000 луѓе.