Бред Пит предвиде многу топло време. Актерот стана ТВ синоптичар, а природно станува збор за скеч, одигран во шоуто на Џим Џефрис.

Скечот е поврзан со повлекувањето на САД од Парискиот договор за борба против климатските промени. Актуелниот американски претседател Доналд Трамп не верува во теоријата за глобалното затоплување и смета дека тоа е една џиновска измама, со цел да се запре прогресот
на светската економија.
Затоа прогнозата за времето на Пит е: “Ќе станува прилично топло во оваа област, како и во оваа област …”, покажувајќи ја сликовито зацрвенетата карта на светот. А на прашањето дали има подолгорочна прогноза за времето во иднина, Пит лаконски одговори: “Нема иднина!”, со што предизвика смеа кај публиката.