(ВИДЕО) Британците тврдат дека Русите изгубиле по еден војник за секои 48 сантиметри освоена територија на Бахмут

од Nikola Popovski
965 прегледи

Министерството за одбрана на Велика Британија објави анализа според која Русија губи по еден војник на секои 48 сантиметри освоен простор во Бахмут.

„Во февруари 2022 година, Русија веројатно планираше да го заврши заземањето на целиот регион Донбас во рок од 10-14 дена. Но, во Бахмут, на секои 48 сантиметри добиени, еден од нивните војници е убиен или ранет. Украина се бори“, објавиле од британското Министерство за одбрана.

Во видеото се наведува и дека Русија напреднала приближно 28 километри на овој дел од фронтот и дека од мај 2022 година изгубила околу 60.000 војници во оваа област.

Градот сега е дом на само еден процент од популацијата пред војната. Пред војната, во градот живееле околу 70.000 луѓе.

Според украинскиот Генералштаб, од почетокот на агресијата во февруари 2022 година, Русија изгубила повеќе од 209.000 војници и илјадници парчиња разновидна опрема.

Слични содржини