Во Лондон се отвори првиот нудистички ресторан и првите посетители веќе ги споделија своите впечатоци.
“Никогаш не сум се чувствувал поудобно на вечера”, напиша еден од првите посетители на страницата на Фејсбук. Ресторанот The Bunyadi има 42 места и ќе работи три месеци, за веќе 46 000 кои се запишале за да го посетат, тврди “Индипендент”.
Келнерите се полуголи. Внатрешниот ред бара исто така телефоните и други електронски уреди да бидат оставени во посебни шкафчиња, за да не фотографира никој во локалот. Во локалот има и зона за посетители, кои сакаат да јадат со облека. Покрај тоа предметите во локалот се целосно природни, во нив нема напредна технологија. Просториите, вклучувајќи и кујната, работат без струја и гас. Јадењата пак се нудат во глинени садови.
Голиот ресторан ќе отвори врати и во патријархална Јапонија. “Амрита” ќе ги отвори своите врати на 29 јули, но нема да дозволи луѓе со прекумерна тежина и тетоважи по телото. Покрај телесни ограничувања, има барања и за возраста на клиентите – тие треба да се меѓу 18 и 60-годишни. Сите посетители ќе ја остават облеката, фотоапаратите и мобилните телефони на гардероба, а локалот ќе им обезбедува хартиена долна облека. Ако тежината е над 15 килограми над нормалното, подобро не правете си резервација, гласи листата на правила на веб-страницата на ресторанот. Предвидено е посетители со видливо супертело да бидат мерени од персоналот.
Во лондонскиот ресторан за голи дозволени се дебели луѓе и другите посетители се жалат од глетката, вели портпаролката на “Амрита”. Таа истакнува дека не станува збор за дискриминација. “Се стремиме кон римска естетика како онаа на најубавите слики во музеите”, објаснува портпаролката. Гостите се обврзуваат да не ги срамат луѓето во околината, да не ги допираат или оговараат. Посетители со тетоважи исто така не се дозволени.
Гостите ќе треба да дадат по 750 долари во коверт, ако сакаат да гледаат спектакл со танц на мажи со извајани тела. Инаку, во зависност од избраното мени, цената е четири пати помала, а храната ја служат мускулести келнери со камшик.