79
Косовски пратеник од опозицијата пушти во парламентот солзавец за време на заседание. Ова е четврт ваков случај во последните недели.
Пратениците и претставниците на медиумите беа принудени да ја напуштат зградата, откако солзавецот ја исполни целата сала.
Протестот на опозицијата е поради договорот со Србија за поголема автономија за областите со етнички Срби во Косово.