(Видео) Дачиќ му пеел на увце на на албанскиот премиер Рама

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Ивица Дачиќ  му направи Серенада на Еди Рама.

4934811

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ  го грабнал микрофонот за време на официјалната вечера со францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз и почнал да пее. Тоа се случи откако албанскиот премиер Еди Рама побарал Дачиќ да му испее нешто за неговиот роденден. Со полн глас Дачиќ прво пееч “О, Соле мио” и “Санта Лучија”, а потоа прашал: Каде е оркестарот?

Негодувањето на Оланд и Меркел не ги спречило Дачиќ да се држи како на концерт и ништо не можело да го запре да пее со полна брзина. При претходната средба со албанскиот премиер Еди Рама Дачиќ му пеел една од песните на српскиот фолк пејач Шабан Шаулич – “Рамо, Рамо, друже мој!” И во Париз српскиот министер не пропуштил да му ја  исполни една од своите омилени песни – “Мијацка”. Откако  го вратил  микрофонот шефот на оркестарот извикал: “Нема да те оставиме без работа, кога че паднеш како  министер ”