(ВИДЕО) Дамјановски: Апелирам до полицијата да излезе со официјално соопштение за Куманово

од desk3
109 прегледи

Како што веќе се запознаени граѓаните на Куманово, од ноќеска се блокирани улиците кои водат кон СВР Куманово, посочи на денешниот итен прес Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово, со апел до полицијата што поскоро да излезе со соопштение, за да меѓу граѓаните не се создава чувство на несигурност-пренесе Кумановски муабети.

– Индикативно е тоа што по вооружените дејства во населба Тоде Мендол, градот се врати во живот, за да од ноќеска, повторно се блокираат улици што кај граѓаните остава простор за паника, истакна Дамјановски.