Сепаратистите од самопрогласената Доњецка народна република соопштија дека презеле целосна контрола над Дебалцево. Тие го подигнаа знамето на Новорусија врз една од највисоките згради на градот. Ова се случи откако украинската армија се повлече.
Снимки од камера поставена на беспилотен авион,ги покажуваат разурнувањата во градот по недели на судирите меѓу украинските единици и силите на проруските сепаратисти.
Во меѓувреме, Советот за национална безбедност и одбрана на Украина одлучи да ги замоли ОН и Европската унија за распоредување на мировни контингенти во зоната на конфликтот во Донбас.
Во меѓувреме Москва беше бомбардирана од прекори. Велика Британија рашири слики како во источна Украина дејствува најнапреден руска анти-авионски-ракетен систем. Лондон го оцени ова како уште еден доказ за руското воено учество во конфликтот.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека “руските сили, артилерија и единици за противвоздушна одбрана, како и командно-контролни елементи се уште се активни во Украина”.
Од своја страна, германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека сака да работи со Русија за враќање на мирот во Европа, но истакна дека не може да не обрнува внимание на прекршувањата на меѓународното право од страна на Москва во текот на украинската криза.