(ВИДЕО) Демолиран штабот на Обединети за Македонија во Драчево

од desk4
74 прегледи

„Втор пат по ред, во Драчево се демолира штабот на Обединети за Македонија.

Ја разбираме нервозата на нашите опоненти, поради поразот во Кисела Вода и Драчево, и преку вандалски методи, сакаат да го прикријат поразот, кој доаѓа на 15-ти Октомври.

Им порачуваме на криминалците и вандалите дека нема да ја сопрат промената во Кисела Вода и Македонија.
Во Македонија и на локално ниво ќе завладее слободата.

А кој ја крадел и лажел Македонија, ќе одговара.

Ги повикуваме надлежните да ги пронајдат сторителите и најстрого да ги казнат, затоа што нарушувањето на политичкото здружување и делување е насилство врз слободата на народот“, изјави шефот на изборен штаб на Обединети за Македонија, Михаил Новковски.