(Видео) Демонстрантите го зазедоа аеродромот во Хонг Конг

од desk2
181 прегледи

Стотици демонстранти пристигнаа на аеродромот во Хонг Конг и побараа демократија, некои со пароли “Слободен Хонг Конг”.

Менаџерите на аеродромот објавија дека протестите нема да влијаат врз неговото функционирање, туку ги советуваат патниците да пристигнат порано.

Поранешната британска колонија Хонг Конг, вратена на Кина во 1997 година, е во најголема политичка криза по неколку децении.

Протестите веќе се одржуваат секој ден. Минатата недела зградата на локалната власт беше оштетена, а Пекинг предупреди дека тоа е напад врз кинескиот суверенитет.

Демонстрациите во Хонг Конг започнаа на 9 јуни поради незадоволство од законот што треба да дозволи екстрадиција на осомничените во Кина. Жителите на Хонг Конг веруваат дека тоа ќе ја поткопа судската независност на покраината и ќе ги изложи луѓето на опасностите од политичките обвиненија.

Законот во меѓувреме се откажа номинално, но демонстрантите бараат негово целосно повлекување и оставка од премиерката на Хонг Конг, Кери Лам. Нивните барања, исто така, се проширија и на зачувување на демократските слободи, како што се слободата на говорот и независноста на судството, а некои бараат дури и забрана за влез на туристи од централна Кина.

Демонстрантите денеска пристигнаа на аеродромот со шлемови на главите и седнаа на подот со натписи повикувајќи на целосна повлекување на мерките за екстрадиција и слогани како “Слободен Хонг Конг”.

“Светот нè гледа во текот на последните неколку недели”, рече Џереми Там, поранешен пилот и адвокат кој помага да се организираат протести.

“Ние веруваме дека аеродромот е најдиректен начин да им се објасни на туристите што навистина се случува во Хонг Конг”.

Сингапур во петокот ги предупреди своите жители да ги избегнат деловите од Хонг Конг, каде што се случуваат протести.