(видео) Денешниот земјотрес во Њу Џерси најсилен во изминатите 240 години

Земјотресот што се случи утринава по американско време, а кој беше почувствуван и во Њујорк, бил најсилниот по земјотресите 1783 и 1755 година, кога земјата ја потресоа два земјотреси со јачина од 5,1 степени.

од Бети Божиноска
412 прегледи

Земјотресот со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала што  денеска го погоди јужниот дел на американската сојузна држава Њу Џерси, е најсилниот во последните 240 години, соопшти Си-ен-ен, повикувајќи се на податоци на Американското сеизмолошко друштво (USGS).

Земјотресот што се случи утринава по американско време, а кој беше почувствуван и во Њујорк, бил најсилниот по земјотресите 1783 и 1755 година, кога земјата ја потресоа два земјотреси со јачина од 5,1 степени.

И двата се случиле пред Њу Џерси да стане сојузна држава во декември 1787 година, но во географската област долж границите на таа држава на југ.

Според податоците на USGS, земјотресот бил трет најсилен во североисточниот дел на САД во претходните 50 години и 10-ти најсилен на сите времиња во тој регион.

Земјотресите во Њу Џерси и регионот се ретки. Од 1700 година, во Њу Џерси се забележани само 24 земјотреси со јачина од 2,5 или повеќе.

Слични содржини