На сите ни сигурно ни се случило да излеземе разочарани од фризер, пишува во коментарот во јутјуб под видеото кое денес собра десетици илјади посети. На него се гледа како една девојка од неименуван град во САД, сепак, одбива да се да заврши само со разочарување. Бесна, таа се враќа во салонот со секира и го прави целиот инвентар на салонот сол пред уплашените погледи на персоналот и на посетителите.