(ВИДЕО) Џафери: Преку посредници барав средба со Иванов, но одговор не добив

од desk2
136 прегледи

Претседателот на Парламентот на Р.М. Талат Џафери во интервју за емисијата Клик плус на ТВ 21 потврди дека ако претседателот Иванов не го потпише указот за законот со кој се затвора прашањето за името, тој по второто гласање во Парламентот овој закон и претходниот Закон за јазиците ќе ги прати на објавување во Службен весник само со неговиот потпис, согласно уставот.


– Не држи неговото тврдање дека не бил информиран за преговорите со Грција, вели собранискиот спикер и додава дека премиерот и шефот на дипломатијата го информирале за текот на преговорите а ако тој сака на секој збор што ќе биде речен да се удри со тапани, тоа не држи.

– Јас кога одби да го потпише указот за Законот за јазиците преку посредник побарав да се сретнам со Иванов но до ден денеска одговор не добив, едноставно тој решил да не комуницира – изјави Џафери.

Видовте како помина средбата на премиерот и шефот на дипломатијата кога отидоа да му го однесат договорот со Грција, потсети Џафери и додаде дека претседтелот решил да постапува своеволно и да не го почитува Уставот.

Претседателот, вели Џафери, има право на личен став, да не му се допаѓа договорот, но тој согласно Уставот при повтореното гласање потоа мора да го потпише указот за стапување на сила на законот. Тој, потоа како секој граѓанин може да поднесе преставка пред Уставниот суд, но нема никаква законска можност да ја крши волјата на законодавната власт односно парламентот во кој мнозинството од пратениците се изјасниле позитивно за законот./TV21

https://www.youtube.com/watch?v=-xymdQb5ZL4