Џенифер Лопез првин се фотна па ја најави својата нова песна „NiTuNiYo“, која излезе во вторник, и ги збесна фановите кои ја наградија со многу лајкови и комплименти.

„NiTuNiYo“ излегува во вторник“ – стои под фотографијата.
47-годишната пејачка ризикуваше ова да премине во скандал и доведе и до бран неодобрувачки коментари, бидејќи фустанот, со која таа е облечена, има две длабоки цепнатинки кои стигнуваат речиси до половината, а самата Џеј Ло е без долна облека.
Како дополнување на еротската рамка, на фотографијата таа заводливо ја фрлила главата назад, а кадриците ѝ стигнуваат до половината.
Таа несомнено е една од најубавите жени во музичката индустрија и за неа не е непознато носењето на смели и непристојни модели.
https://youtu.be/Qzbysbg19lg