(ВИДЕО) Џиновски товарен брод се удри во мост

од desk2
118 прегледи

Товарен брод долг околу 100 метри удри во мост, кој се наоѓа во кинеската провинција Гуангдонг, објавија локалните медиуми. Според прелиминарните податоци, во инцидентот има три лица повредени.

По ударот со товарниот брод мостот и неговите елементи се поместени з 1,6 метри. Локалните власти го обновуваат објектот. Причините за инцидентот се утврдуваат.